1 1
ДОМА УСЛУГИ ДОКУМЕНТИ ЦЕНИ КЛИЕНТИ КОНТАКТ
 
   
  АКТУЕЛНО
 
Во Службен Весник бр.132 од 18 Јули, 2016 објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство.
Консолидирана верзија на Законот за органско ЗП е достапна на нашата веб страна
 
Од Октомври 2015год. Балкан Биосерт Скопје е овластен да врши контроли според Bio Suisse стандардот.
Со тоа Балкан Биосерт Скопје стана единствено сертификациско тело во Република Македонија, чии сертификати се признаени во Швајцарија.
 
- Почитувани,
Законот за органско производство, правилниците и листите кои од него произлегуваат, може да ги најдете на следниот линк: http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/185
 
- На 13 февруари 2013 година Балкан Биосерт Скопје го доби признанието од Европската комисија, со кое се потврдува дека системот за контрола и сертификација на органско производство што го спроведуваме е еквивалентен на системот даден во Европската регулатива 834/2007, според која работат сертификациските тела од ЕУ. Со тоа Балкан Биосерт Скопје е ставен на листата на сертификациски тела од трети земји, кои се признаени од страна на ЕК и чиј сертификат е прифатен во сите земји членки на Унијата и пошироко.
Reg 125_2013 2nd list.pdf



 

 

 

 

 

 
















 

   
  УСЛУГИ - БАЛКАН БИОСЕРТ
 

1

 

Балкан Биосерт Подружница Скопје во соработка со ИМО-Швајцарија нуди сертификација според следниве регулативи:

  • Европска Регулатива (ЕЗ) 834/2007 и 889/2008 за органско производство и етикетирање на органски производи
  • Македонскиот Закон за органско земјоделство и соодветните подзаконски акти
  • NOP стандардот на САД
  • Јапонската регулатива за производство на органска храна
  • Приватни марки (стандарди) за органско производство

Балкан Биосерт Подружница Скопје нуди контрола и сертификација на:

  • Растително производство
  • Сточарство
  • Собирање на диворастечки билки и плодови
  • Преработка и трговија